Friday, Apr 26, 2024
HomeUncategorizedIBM и Samsung најиновативни, Apple чека инспирација

IBM и Samsung најиновативни, Apple чека инспирација

Од почетокот на годината IBM и Samsung се покажале како највредни технолошки компании кои имаат најмногу регистрирано иновации преку патенти и се далеку напред во однос на конкуренцијата која нема ниту третина од нивните пронајдоци.

ibm innovations

Секако, не е секогаш важен бројот, туку квалитетот на иновациите, но IBM со 3059 и Samsung со 3052 патенти се во одлична позиција бидејќи нивните корисници може да очекуваат значајни подобрувања на технологијата во иднина.

Apple кој често е славен како еден од најиновативните брендови изгледа дека оваа година потфрли бидејќи се наоѓа на 11-тото место на технолошка иновативност и досега има добиено само 780 патенти. Тоа е и донекаде разбирливо бидејќи имаат мал број на производи, но исто така е знак дека освен во мобилната индустрија тешко ќе се пробијат во друг сектор.

Извор: telefoni.mk