Wednesday, May 8, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионИ во Хрватска ќе се протестира против аболицијата: Дојдете да ве помилуваме

И во Хрватска ќе се протестира против аболицијата: Дојдете да ве помилуваме

И во Хрватска утре ќе се протестира против аболицијата. Македонците кои живеат во Хрватска утре напладне пред македонската амбасада во Загреб ќе организираат сатиричен протест против помилувањето насловен како „Општа Аблоција 2.0

protest hrvatska

Протестот го организира Граѓанската иницијатива на Македонците во Хрватска, ќе започне во 11 часот на плоштадот Жртви на фашизмот и потоа ќе продолжи кон македонската мабасада, пред која ќе се предаваат молби за помилување кои потоа ќе се закачуваат на жица за да на крајот бидат ставени во коверт и оставени пред амбасадата. Преку мотото „Дојдете да ве помилуваме“ ги повикуваат сите Македонци кои живеат во Хрватска, како и сите оние кои би сакале да бидат помилувани да присуствуваат на утрешниот протест.