Friday, Apr 26, 2024
HomeАНТИСТРЕСХуманостХуманитарен концерт во „Метрополис“: Естрадата се сплоти за помош на поплавените

Хуманитарен концерт во „Метрополис“: Естрадата се сплоти за помош на поплавените

Утре, вторник, во „Метрополис арената“ во Скопје, ќе се одржи голем хуманитарен концерт за поплавените. На концертот ќе настапат голем број музички имиња како од поп така и од фолк музиката. Цената на билетите е симболична, 200 денари, а истите можат да се набават и на mktickets.mk и на продажните места: Југотон, Универзална сала, Тобако МПМ пресс, Тобако 2 Скопјанка, Тобако Дрво декор, Тобако Гоги Драчево, Нептун во Сити мол, Нептун на стадион, Нептун кај Бриколаж и Њу тобако во Охрид. Концертот почнува во 20 часот и предвидено е да трае до 23 часот.