Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАСветАријана Гранде нема да дозволи да победи стравот, најави хуманитарен концерт во Манчестер

Аријана Гранде нема да дозволи да победи стравот, најави хуманитарен концерт во Манчестер

Поп пејачката Ариана Гранде преку социјалните мрежи објави дека нема да дозволи да победи стравот и затоа најави хуманитарен концерт во Манчестер на кој ќе бидат собирани средства за семејствата на 22-те жртви кои загинаа при терористички бомбашки напад токму при крајот на нејзин настап.

Таа рече дека не постои начин на кој може да им помогне да ја намалат болката, но ќе направи се што може да им подаде рака.