Thursday, Mar 28, 2024
HomeАНТИСТРЕСХуманостБугарија ќе додели 150.000 евра за справување со поплавите во скопско

Бугарија ќе додели 150.000 евра за справување со поплавите во скопско

Финансиска помош од вкупно 300.000 лева (150.000 евра) ќе додели Владата на Бугарија за Македонија како дополнување на техничката и хуманитарната помош, која Софија ја донира за справување со последиците од поплавите од 6 и 7 август во Скопскиот и Тетовскиот регион, пренесе бугарската национална новинска агенција БТА.

Како што соопшти прес-службата на бугарската Влада, средствата ќе бидат уплатени во два еднакви износа на сметката на Црвениот крст на Македонија за надминување на последиците од поплавата и на сметката на Министерството за финансии за справување со материјланите штети.