Thursday, May 2, 2024
HomeГИГА БАЈТСмартфонHuawei до 2020 ќе ги надмине Samsung и Apple

Huawei до 2020 ќе ги надмине Samsung и Apple

После долгогодишната доминација на Nokiа на мобилниот пазар, во последните години владеат само Samsung и Apple, додека постојано се менуваат компаниите на третото место. Менаџментот на компанијата не е задоволен со резултатите, затоа што нивните цели се многу поголеми.

„Сакаме да бидеме најголем производител на смартфони во светот. Тоа ќе биде трка, но ние сме трпеливи“, коментирал Ричард Ју од Huawei на Converge технологијата во Хонг Конг.

Според компанијата Gartner, во последниот квартал од оваа година на трето место годинава на мобилниот пазар е кинеската компанија Huawei, која од 5,4% во првиот квартал на 2015 година лани, порасна на 8,3% во овој квартал.

huawei-p9

Плановите на Huawei се долгорочни и тие веруваат дека би можеле да бидат на прво место за 5 години. Најсилните мобилни телефони на Huawei оваа година се премиум моделите P9 и P9 Plus, кои доаѓаат со одличен хардвер и две задни камери со 12MP.

Извор: telefoni.mk