Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаВМРО-ДПМНЕ бара интерпелација на Царовска поради стратегијата за мигрантите

ВМРО-ДПМНЕ бара интерпелација на Царовска поради стратегијата за мигрантите

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ денеска во Собранието поднесоа интерпелација за министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, поради стратегијата за мигрантите.

Пратеникот на ВМРО- ДПМНЕ, Владимир Ѓорчев, изјави дека Царовска не ги консултирала граѓаните и дека тие не се запознаени со стратегијата, а не биле консултирани ниту општините, туку се ставени пред свршен чин.

– Станува збор за стратешки документи за иднината на Македонија, за проекти што ќе значат енормни трошоци во милијарди евра во наредните десет години, во делот на сместување и на градење згради и населби за мигрантите, онака како што е напишано во нивната стратегија. Тоа ќе значи енормни трошоци во делот на вработување, социјални програми, средства што Македонија ги нема и ресурси кои се ограничени – изјави Ѓорчев.