Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЗа ВМРО-ДПМНЕ стратегијата за бегалците е вовед во етнички и верски судири

За ВМРО-ДПМНЕ стратегијата за бегалците е вовед во етнички и верски судири

Зачудува фактот што владата на СДСМ заслепувачки се покорува кон директивите и насоките на меѓународните тела за интеграција на бегалците, истовремено заборавајќи ги социјално ранливите категории на кои им ветуваше живот во изобилие на парламенарните избори 2016 година, порача на прес-конференција Андон Сарамандов, претседател на Општинскиот комитет (ОК) на ВМРО-ДПМНЕ во Гевгелија

Тој ги нападна Нацрт-стратегијата за интеграција на бегалците за периодот 2017-2027 година и акцискиот план за истиот период, велејќи дека со нив „се бара да се креираат најлесни и најбрзи процедури со цел да се обезбедат државјанства за стотици илјади бегалци на коишто за чудо им се откажува гостопримството во западна Европа“

– До кога господа од СДСМ ќе ги потценувате македонските национални интереси? Со реализирањето на овој акциски план ќе биде вовед во етнички и верски судири со големи последици, ќе донесе нарушување на социјалниот и политичкиот мир во Република Македонија, а македонскиот народ ќе биде народ од втор ред во сопствената држава – порача Сарамандов.