Wednesday, May 8, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионХрватска конечно ја одблокира границата

Хрватска конечно ја одблокира границата

Хрватска одлучи да ја одблокира границата со Србија и да прекине со негативните одлуки за превоз на патници и стока. Од одлуката најголем бенефит ќе имаат токму транспортерите, вклучувајќи ги и македонските камионџии кои со денови беа заглавени на премините.

Граничните премини Бајаково и Товарник се отворени за целосен сообраќај без никакви ограничувања, соопшти Министерството за внатрешни работи на Хрватска.

– Во 17 часот е извршена деблокада на границата. Сите автомобили без оглед на регистрациите, можат да влезат во Хрватска, пренесе министерот за полиција Ранко Остојиќ.

Одлуката е позитивно оценета од српските власти кои сега ќе ги прекинат контра мерките.