Sunday, May 19, 2024
HomeДЕНЕШНАСветХоланѓаните денеска на парламентарни избори одлучуваат – Руте или Вилдерс

Холанѓаните денеска на парламентарни избори одлучуваат – Руте или Вилдерс

На парламентарните избори во Холандија учествуваат 28 партии, односно 1.114 кандидати кои ќе се борат за 150 пратенички места. Право на глас имаат 12,9 милиони жители. Главната битка ќе се води меѓу Либералната партија (ВВД) на холандскиот премиер Марк Руте и Партијата за слобода (ПВВ) на екстремниот десничар Герт Вилдерс.

Се очекува дека следната холандска влада ќе биде коалициона, а повеќето партии се изјаснија дека не сакаат да коалицираат со ПВВ. За победа на изборите во Холандија потребно е да се добијат 76 пратенички места.

Најголемата дебата за време на предизборната кампања се водеше за здравствената заштита, пензиите и условите за работа.

Иако официјалните резултати од изборите треба да бидат соопштени на 21 март, а новиот холандски парламент воспоставен два дена подоцна, преговорите за формирање влада можат да потраат дури и неколку месеци.