Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеХиподром и Инџиково поврзани со пешачки мост

Хиподром и Инџиково поврзани со пешачки мост

Пуштен е во употреба пешачкиот натпатник што ги поврзува населбите Хиподром и Инџиково за чија изградба Градот Скопје вложи 38 милиони денари. Натпатникот долг 63 метри и широк 5,4 метри, е со бетонски столбови, челични скали и челични рампи. Ќе овозможи безбеден премин на пешаци, пешаци со велосипеди и лица со посебни потреби.

Покрај зголемена безбедност преку автопатот Скопје – Петровец, натпатникот ќе биде и порта за влез во градот. Површината за движење е широка 3,1 метар, а по должината на натпатникот е поставена ограда висока два метра, изработена од челични профили и челична мрежа, како и конзоли за инсталации. Натпатникот ќе го осветлуваат 12 канделабри, а ќе бидат осветлени и рампите.
mostКако што истакнаа министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски и градоначалникот Коце Трајановски на пуштањето во употреба, изградбата на натпатникот е од исклучително значење за жителите на Хиподром и на Инџиково, бидејќи оваа локација со години претставува црна сообраќајна точка на автопатот кон Петровец, со многу сообраќајни несреќи. Со натпатникот, воедно, решевањето на деценискиот проблем, по барање на граѓаните од општина Гази Баба, стана реалност.

Да се надеваме дека овој пешачки мост нема остане само за „украс“ како што е случај со останатите пешачки мостови во градот. Влајко мост, мостот на Бит Пазар, како и оној во Чаир со години претставуваат само челична арматура која не се користи за она што е наменета. Останува на совеста на граѓаните да одлучат дали ќе го користат новоизградениот мост или и понатаму ќе претрчуваат преку автопатот ризикувајќи го сопствениот живот, а и животите на другите учесници во сообраќајот.