Monday, May 6, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРМузикаХимната на Европското првенство во фудбал доби спот

Химната на Европското првенство во фудбал доби спот

Фудбалската грозница која овие денови ја тресе Европа ги зафати и музичкиот свет. Дејвид Гета и Зара Ларсон ја снимија химната за актуелното Европско првенство во фудбал кое се одржува во Франција, а сега е објавен е спотот. После спектакуларниот настап на самото отварање на првенството, Гета го претстави и спотот за песната „This One’s For You“, химната на целото натпреварување.

Продуценти на популарната нумера се Дејвид Гета, Џорџо Тинфорт и Афроџек. Песната објавена минатиот месец сигурно ќе биде голем хит ова лето, додека новиот спот го прикажува токму она што го означува фудбалот, спојување на различни потекла и култури кои заедно уживаат во најпопуларниот спорт на светот.