Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАСветЕксплозија во фабрика во Португалија, пет работници го загубиле животот

Експлозија во фабрика во Португалија, пет работници го загубиле животот

Најмалку пет лица загинаа, а три се водат како исчезнати во експлозија која се случи во фабриката за пиротехника во Ламего, 100 килолметри од Порто, во Португалија, јавија денеска локалните медиуми, повикувајќи се на информациите од спасувачката служба.

Експлозијата се случила вчера, во попладневните часови. Повеќе од стотици пожарникари на самото место се бореле да го стават под контрола пожарот до доцните вечерни часови.