Хаосот во Приштина нема крај – тешко повредени полицајци, 95 уапсени
Хаосот во Приштина нема крај. Тешко повредени се двајца полицајци во синоќешните протести поради апсењето на Албин Курти, основачот на движењето Самоопределување, како и апсењето на 95 демонстранти. Демонстрантите фрлале петарди и други пиротехнички средства на полицијата.
Припадниците на косовската полиција синоќа упаднаа во седиштето на опозициското движење Самоопределување (Vetevendosje), чии пратеници речиси цел месец ја блокираат работата на парламентот со фрлање солзавец спротиставувајќи се на договорот со Србија, а покрај тоа собраа и петиција потпишана од повеќе од 200.000 граѓани. Во седиштето на движењето беше најден поранешниот водач Албин Курти, кој таму се упати откако одржа говор на протесниот собир, и го уапсиле заедно со уште неколку лица.