Tuesday, Apr 30, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионХаос во Идомени: Мигранти со украден вагон се обидуваат насилно да влезат во Македонија

Хаос во Идомени: Мигранти со украден вагон се обидуваат насилно да влезат во Македонија

Хаос во Идомени. Со солзавци и шок бомби грчките полицајци се обидуваат да се справат со група мигранти која украла вагон и со него се обидува да го пробие полицискиот кордон и да влезе во Македонија. Грчките медиуми јавуваат дека се работи за група од околу 200 мигранти.

Грчката полиција повеќе од три часа се обидува да ја смири ситуацијата со помош на средства за присилба, додека мигрантите маваат со камења. Се уште нема информации за жртви и повредени. На Идомени има засилено полициско обезбедување, бидејќи мигрантите сакаат да ја пробијат оградата на кота 59. Додека грчката полиција интервенира и македонските безбедносни сили се на готовс.