Saturday, Apr 27, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈАвтомобилизамХамилтон победник на Силверстоун

Хамилтон победник на Силверстоун

Луис Хамилтон е победник на денешната трка за Големата награда на Велика Британија на патеката „Силверстоун“. Тој денешната трка ја започна од пол позицијата меѓутоа првото место го изгуби на самиот старт од Фелипе Маса. Тоа не се покажа како голем хендикеп затоа што во 22-от круг се врати на челната позиција и успеа да ја задржи до крајот на трката.

Lewis-Hamilton-Mercedes-2015-F1-testing-Barcelona-8

На второто место заврши Нико Розберг со заостанување од неполни 11 секунди, а трет на стартно целната рамнина пристигна Себастијан Фетел. На четвртата позиција се најде Фелипе Маса, а во првите десет имаше место и за Валтери Ботас, Данил Квјат, Нико Хулкенберг, Кими Раиконен, Серхио Перез и Фернандо Алонсо. Тоа е прв бод за Фернандо Алонсо оваа сезона.

За Луис Хамилтон ова беше петта победа оваа сезона и со неа само се зацврсти на првото место на генералниот пласман.