Saturday, Apr 20, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈАвтомобилизамХамилтон продолжува да доминира – 9-та пол позиција

Хамилтон продолжува да доминира – 9-та пол позиција

Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон ја продолжува доминацијата во Формула 1, стигнувајќи до пол позицијата и на трката за Големата награда на Унгарија, на патеката Хунгароринг.

Британецот беше најбрз на квалификациите со време од 1:22,020, пред тимскиот колега Нико Розберг и Себастијан Фетел на Ферари. Ова за Хамилтон е деветтата пол позиција од десет трки оваа година, со што останува водечкиот фаворит и за триумф на утрешната трка која ќе се вози од 15 часот.. На оваа патека британскиот возач веќе има четири победи.

Од вториот ред, покрај Фетел, ќе стартува и Даниеле Рикардо од Ред Бул, а од третиот ред на утрешната трка ќе стартуваат Кими Раинконен од Ферари и Валтери Ботас од Вилијамс. Трката на Хунгароринг ќе стартува со едноминутно молчење во знак на почит за Жил Бјанки.