Friday, May 3, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалГвардиола „отпиша“ двајца?

Гвардиола „отпиша“ двајца?

Англиските медиуми пренесуваат дека уште двајца фудбалери на Манчестер Сити најверојатно ќе си заминат од „Етихад“ ова лето. „Manchester Evening News“ во своето денешно издание пренесува дека Вилфрид Бони и Елиаквим Мангала се на излезните врати од клубот. Овие двајца фудбалер наводно не успеале да го убедат Гвардиола дека се доволно добри за да бидат дел од неговата екипа.

Мангала, кој за огромна сума на пари беше доведен од Порто пред две години, беше криминално лош во подготвителниот натпревар против Арсенал со што самиот на себе си пресуди, пренесува овој избор. Сепак, нема шпекулации околу тоа кафе францускиот дефанзивец би ја продолжил кариерата.

Бони се чин ќе мора да замине поради големата конкуренција во нападот, а веќе се шпекулира дека овој напаѓач би можел да направи трансфер во Евертон како идеална замена за Ромелу Лукаку, кој би можел да се врати во редовите на клубот од „Стемфорд Брич“.