Friday, May 3, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалКомпани го напушта Манчестер Сити?

Компани го напушта Манчестер Сити?

Венсан Компани веќе неколку сезони по ред се мачи со повредите. Своевремено еден од најдобрите стопери на светот нема одиграно пет натпревари по ред уште од пред две сезони, па се појавија шпекулации дека Гвардиола планира да се ослободи од него. Сега во целата приказна се вмеша и Наполи, кој е подготвен да го преземе ризикот и Белгиецот да го пресели на Везув. Наполи има проблеми во задната линија, Кулибали не игра најдобро оваа сезона, па се претпоставува дека на лето ќе биде продаден.

Компани има уште една година договор со клубот од „Етихад“, па во управата на Наполи веруваат дека можат да го ангажираат. Сити веќе на големо бара засилување во последната одбранбена линија, а бидејќи е познато дека Стоунс и Отаменди ќе останат во тимот и следната сезона, јасно е дека Белгиецот станува „вишок“ во тимот на Шпанецот.