Sunday, May 19, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаГруби се пофали: Тројца Албанци во регионот ќе бидат Министри за надворешни работи

Груби се пофали: Тројца Албанци во регионот ќе бидат Министри за надворешни работи

Артан Груби од ДУИ се пофали дека по постигнатиот договор за формирање на новата влада ресорот за надворешни работи ќе му припадне на кадар од неговата партија.

„Покрај премиер, тројца албански министри за надворешни работи во регионот. Историја“, напиша Груби.

Тој објави пост и од министерот за надворешни работи на Албанија Гент Цакај, во кој се потврдува дека со македонската дипломатија ќе раководи кадар од ДУИ.

Во новата влада ДУИ најверојатно ќе успее да ги добие и ресорите финансии, економија, животна средина и други важни државни институции.