Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаГрупа на мигранти предводена од Германец и Бразилец нелегално влегла во Македонија

Група на мигранти предводена од Германец и Бразилец нелегално влегла во Македонија

Вчера околу 8 часот наутро се откриени две лица, Германец и Бразилец, кои заедно со група на мигранти нелегално влегле во Македонија. Според податоците на полицијата, лицата се упатиле кон прифатниот центар во Гевгелија, со што е сторен прекршок по член 9 од Законот за гранична контрола.

На лицата им е издадено Решение за протерување на странец од Македонија со забрана за повторно влегување за период од пет години и истите биле задолжени веднаш да ја напуштат земјава.