Thursday, May 2, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаГруевски ветува заштита, а СДСМ чистење на „сваровски“ судството

Груевски ветува заштита, а СДСМ чистење на „сваровски“ судството

Граѓаните може да бидат спокојни, ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи реизбор на судиите во Република Македонија, контрола и партизација на судството, порача вечерва претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

Како што пренесува „А1он“, Груевски, одговорајќи на новинарски прашања по промоцијата на 14 нови дела од проектот „Превод на стручни и научни книги и учебници“, нагласил дека СДСМ, кога збрува за реформи во судството, мисли на негова партизација.

– СДСМ никогаш не направиле некакви реални реформи кои ќе го подобрат работењето на судството. Повозрасните добро паметат што се случи во времето на СДСМ со судството, постојана партизација и контрола од страна на извршната власт. СДСМ реформа на судството го нарекуваше и она во 1996 година кога 600 судии со партиска наредба и партиски договор беа назначени во Парламентот, во еден ден. Потоа, во 2002-ра, кога се вратија на власт, и тоа го нарекоа реформа во судството, кога со одредени акробации го сменија составот на Судскиот совет и повторно инволвираа партиски кадри и партиска контрола, посочи Груевски.

Сега повторно, додаде, најавуваат некакви реформи во судството, некакви промени на судиите и реизбор.

– СДСМ повторно планира да направи сериозна контрола врз судството и негова партизација. Овојпат им е важно да се ослободат од прогоните, од гонењата поради нивните незаконски дејства во минатиот период, односно на неколку нивни поединци. Но, ВМРО-ДПМНЕ ќе стои цврсто, да се спречи партизација и контрола на судството од страна на СДСМ зашто СДСМ има долга историја на правење обиди на контролирање на судството, на негово партизирање, вклучување партиски кадри и целосна контрола, потенцира Груевски.

Улогата на ВМРО-ДПМНЕ, подвлече, ќе биде да го спречи тоа, ВМРО-ДПМНЕ ќе направи се што е во негова моќ да го спречи партизирањето на судството.

Од СДСМ истакнаа дека граѓаните гласаа за промени и избраа Македонија да биде правна држава, а тоа подразбира темелни реформи во судскиот систем и реизбор во судството спроведен според најдобрите европски пракси.

„Никола Груевски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ не можат со ниту една лага и манипулација да го спасат ‘сваровски’ судството. Секој кој работел противзаконски на штета на граѓаните ќе одговара пред независни судски органи. Груевски веќе не се прашува за ништо. Очекуваме чесните и одговорни политичари и пратеници во опзициската ВМРО-ДПМНЕ да ги поддржат реформските процеси за европска Македонија, што подразбираат и независно судство и владеење на правото“, велат од СДСМ.