Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаГруевски по два дена размислување одговори: Ги контролирам објектите како лидер кој дал ветување

Груевски по два дена размислување одговори: Ги контролирам објектите како лидер кој дал ветување

Поранешниот премиер и се уште актуелен лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски денеска два дена откако за првпат медиумите го прашаа во кое својство врши контроли и отвора објекти, одлучи да се оправда за своите маркетиншки контроли.

„Како лидер на партија имам одговорност дадените ветувања кон граѓаните да бидат реализирани и затоа ќе продолжам да ги следам реализациите на проектите што сме ги ветиле и ќе продолжам тоа да го правам, изјави денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски откако за време на увидот на реконструкцијата на Офицерскиот дом.

Груевски во петокот на новинарско прашање одби да одговори во кое својство врши увид во објектите, туку збунето и кратко одговори, ве молам ние тука имаме настан. Сепак, денеска, се појави подготвен за тогаш неочекуваното прашање, па денеска се правдаше дека тој е ги дава ветувањата, ја потпишува партиската програма и дека затоа ги врши сите контроли. Тој истакна дека и и понатаму ќе продолжи со следење на реализацијата на ветените проекти.

– Инаку, што се однесува до СДСМ и некои медиуми блиски до нив, најдобро би било за нив јас да не се појавувам, да ме снема. Знам дека тие најмногу го Никола Груевски.