Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаГруевски на прв распит за рушењето на „Космос“

Груевски на прв распит за рушењето на „Космос“

По барање на СЈО, Кривичниот суд го повика на распит еден од осомничените Никола Груевски кој треба да одговара на прашања пред судија во претходна постапка за случајот „ТНТ“ поврзан со рушењето на објектот „Космос“ на Фијат Цановски за што има сомнежи дека било реализирано од политички реваншизам и надвор од законските рамки.

Во овој случај осомничени се и екс министерот за транспорт Јанакивески, како и Тони Трајковски градоначалникот на Гази Баба кои подоцна треба да дадат исказ. Груевски во судот пристигна со неговиот адвокат Никола Додовски и Александар Георгиев портпаролот на Владата.