Thursday, May 2, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионГрчките новинари два дена ќе штрајкуваат

Грчките новинари два дена ќе штрајкуваат

Грчките новинари ќе одржат 48-часовен штрајк во знак на протест против владините предлози за реформи во социјалното осигурување, одлучено е на синоќешната средба меѓу сите релевантни новинарски синдикати.

Според соопштението, весниците, списанијата, онлајн медиумите, новинската агенција АНА-МПА, Генералниот секретаријат за информации и комуникации и сите прес-канцеларии ќе штрајкуваат од шест часот во четврток на 21 април, до шест часот во сабота на 23 април.

Јавните и приватните телевизии и радио станици ќе штрајкуваат од шест часот во петок на 22 април до шест часот во недела на 24 април. За 22 април повторно е закажан состанок на Управниот совет на Грчката федерација на новинари на кој ќе се одлучува за понатамошно дејствување.