Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеГраѓаните на протест за зеленилото во Карпош

Граѓаните на протест за зеленилото во Карпош

Граѓани протестираа против урбанистичките планови за Тафталиџе и Карпош 3. Под мотото „Да го спасиме Карпош. Излези и спротивстави се на дебармаализацијата на Карпош“ група граѓани во 12 часот се собраа на раскрсницата кај „Сити мол“ и го блокираа булеварот „Партизански одреди“.

Според нив протестот е резултат на одбивањето на градоначалникот Стевчо Јакимовски да ги повлече, односно да ги стопира посочените ДУП-ови. Од друга страна градоначалникот Јакимовски претходно истакна дека нема намера да ги поништи плановите, бидејќи биле во интерес на граѓаните.

фото: Утрински весник