Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеГрадски паркинг од денеска со ново работно време

Градски паркинг од денеска со ново работно време

Јавното претпријатие „Градски паркинг“-Скопје, излезе со соопштение дека од денеска ќе започне да работи по ново, летно работно време. Па така, паркинзите ќе работат во периодот од 7 часот до 23 часот. Ова работно време ќе важи од понеделник до сабота, а се однесува на зоните: А, Б, Ц и Д.

Од ЈП „Градски паркинг“ апелираат до граѓаните да го почитуваат работното време и правилата со цел да се избегне поставување на блокатори на тркалата и парично казнување.