Thursday, May 2, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаГрадоначалникот на Бутел позитивен на корона вирусот

Градоначалникот на Бутел позитивен на корона вирусот

Велимир Смилевски, градоначалникот на општина Бутел потврди дека е позитивен на корона вирусот.

“Почитувани пријатели, и покрај строгото почитување на мерките, сакам да ве информирам дека денеска по малите симптоми што ги имав веднаш направив тестирање на КОВИД 19 и истиот е позитивен.

Затоа уште еднаш апелирам до сите да не го потценувате вирусот и можноста за зараза и да бидете максимално внимателни. Доколку кај вас или ваши блиски забележите и најмал симптом консултирајте ги матичните лекари и не одбивајте да се тестирате.

Изразувам жалење и се извинувам доколку несвесно последниве денови сум довел некого во незавидна позиција”, напиша Смилевски на Фејсбук.