Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаГрад Скопје ќе ја проверува дипломата на директорот на Водовод Атанасов

Град Скопје ќе ја проверува дипломата на директорот на Водовод Атанасов

Градските власти информира дека ќе ги провери во соодветни државни институции изнесените тврдења во врска со веродостојноста и образованието на директорот на ЈП Водовод и канализација Александар Атанасов.

Во соопштението наведуваат дека кога ќе имаат одредени сознанија и одговори ќе ја информираат јавноста.

Вчера на прес-конференција Синдикатот за комунални дејности на Република Македонија, кој е дел од СУТКОЗ побара од градоначалникот на Град Скопје Коце Трајновски да го разреши од функцијата генералниот директор на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, Александар Атанасов поради непочитување на Колективниот договор и законите за работни односи и за административните службеници, како и поради несоодветното образование за извршување на функцијата.

Според нив, Атанасов има несоодветна диплома за високо образование од Колеџ во Грција која и Министерството за образование и наука не му ја нострифицира.