Friday, Apr 26, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈТенисЃорческа со титула во двојки на турнирот во Хрватска

Ѓорческа со титула во двојки на турнирот во Хрватска

Најдобрата тенисерка од Македонија, Лина Ѓорческа, во пар со Маријана Дражиќ од Хрватска ја освоија титулата на фјучрс турнирот во игра на двојки што се играше во Бол, Хрватска за награден фонд од 10.000 долари.

Двоецот Ѓорческа-Дражиќ во финалето остварија победа против првите носителки на турнирот, Јулија Вахажик од Германија и Менди Вагемакер од Холандија, со резултат 2:0 по сетови (7:6, 6:3).

Во поединечна конкуренција на турнирот, македонската тенисерка претходно беше елиминирана во полуфиналето каде загуби од Наталија Вајдова од Словачка со 6:2, 6:4.