Friday, Apr 26, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалГолемиот талент на Андерлехт замина во Монако

Големиот талент на Андерлехт замина во Монако

Јури Тилеманс одлучи поради позивот на шампионот на Франција да ги одбие големите понуди на Манчестер Јунајтед, Интер и Мадридски Атлетико и да ја продолжи својата кариера во Монако.
Tilemans

 

Овој договор е во вредност од 23 милиони евра. Младиот репрезентативец оваа сезона постигна 17 гола во сите натпреварувања за Андерлехт, кој го привлече интересот на многу клубови, но одлуката падна на француски Монако.

Монако првично не планираше да ја одвои оваа сума на пари, но кога видоа дека тие не се единствениот клуб кој го сака Тилеманс тие одлучија да понудат поголем износ, плус и неколку бонуси.

Јури Тилеманс има само 20 години а веќе има одиграно 139 натпревари за Андерлехт а од 2016 година е во првата селекција на Белгија за која има одиграно и 3 натпревари.