Friday, May 3, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаГолеми притисоци трпи УПОЗ за прекин на штрајкот

Големи притисоци трпи УПОЗ за прекин на штрајкот

Синдикатите на судските административци се пожали дека нивниот штрајк е под закана од судските власти и се прават притисоци за негово угушување.

– Бидејќи заклучокот од тој состанок кој се одржал во Судскиот совет нема печат, ни штембил, туку само потписи се поставува прашањето, дали истиот е законски и дали таквиот заклучок може да биде задолжителен за штрајкувачите бидејќи не е донесен од институција која е надлежна за судството. Во текот на денешниот ден во сите судови во Република Македонија се одржуваат колегиуми помеѓу претседателите на судовите и судиите. По завршувањето на колегиумите судиите ќе мораат да го спроведат заклучокот, а доколку судските службеници не ги работат постапките кои се наведени во заклучокот ќе добијат дисциплински постапки. Ваквата ситуација може да создаде конфликти помеѓу штрајкувачите и судиите, а штрајкувачите се се повеќе иритирани, денеска соопшти УПОЗ.

Според УПОЗ, ваквите постапки на претседателите на судовите се спротивни на членот 238 од Законот за работни односи.