Tuesday, May 7, 2024
HomeГИГА БАЈТСмартфонГолема воздбуда пред промоцијата на HTC 10

Голема воздбуда пред промоцијата на HTC 10

На само неколку дена пред официјалната промоција HTC 10 повторно протече со нова слика која открива бела боја на маската, како и сите досегашни очекувани елементи на дизајнот со тенка рамка околу екранот и едно физичко главно копче во кое најверојатно ќе биде сместен и скенер за отпечатоци.

Исто така се забележува и голем сензор на селфи камерата за која претходно добивме информација дека ќе има оптичка стабилизација на сликата, прва од ваков вид. HTC 10 треба да пристигне на 12 април и тогаш ќе ви ги откриеме сите детали за спецификациите и цената.

Извор: telefoni.mk