Thursday, Apr 25, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалМадрид обоен во бело, пречекани хероите кои ја покорија Европа

Мадрид обоен во бело, пречекани хероите кои ја покорија Европа

Шпанската престолнина е обоена во бело во знакот на кралскиот клуб кој во големото финале на Лигата на шампионите успеа да го совлада градскиот ривал Атлетико Мадрид и да стигне до неверојатната 11-та титула.

real precek2

Фудбалерите на Реал до пехарот стигнаа по ладнокрвното изведување на пенали погодувајќи пет пати од белата точка без никаков проблем.

real precek

Атлетико прикажа жестока борба низ сите 120 минути, но искуството на фудбалерите на Реал беше пресудно.  За „Јорганџиите“ ова е втор пораз од истиот ривал во големото финале, откако загубија и пред две години во Лисабон. Зидан покрај како играч сега стана шампион и како тренер на Реал Мадрид.

real precek3

Стотина илјади мадриѓани ја славеа победа на Реал кој изби на врвот како најдобриот европски тим во последните пет години.