Wednesday, May 1, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалГолем трансфер на повидок, „Граѓаните“ ја завршуваат работата со Шпанецот!

Голем трансфер на повидок, „Граѓаните“ ја завршуваат работата со Шпанецот!

Уште еден шпански фудбалер наскоро би можел да стане нов член на Манчестер Сити. Секако, се работи за напаѓачот на Селтa, Нолито. Овој напаѓач моментално се наоѓа со репрезентацијата на Шпанија, каде таму игра многу важна улога во тимот на Висенте Дел Боске. Претходните неколку сезони во дресот на Селта ги одигра на врвно ниво, за него интерес покажа и Барселона, но постои голем интерес и од Премиер лигата.

Пеп Гвардиола е голем љубител на неговиот стил на игра, па по секоја цена го посакува во својот тим за следната сезона, а според шпекулациите се чини и дека ќе го добие. Како што пренесуваат шпанските медиуми во денешните изданија, Манчестер Сити ја завршува работата околу доведувањето на 29-годишниот напаѓач на Селта Виго.

Нолито 2

Станува збор за трансфер сума од 18 милиони евра, а оваа вест ја потврдија и поединечни телевизии во Шпанија. Значи, се наоѓаме многу блиску до трансфер кој би можел да го одбележи овој интересен трансер период.