Friday, Apr 26, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈТенисГолем дуел меѓу сестрите Вилијамс на УС Опен

Голем дуел меѓу сестрите Вилијамс на УС Опен

Во четвртфиналната фаза на УС Опен најинтересен ќе биде дуелот меѓу Серена и Венус Вилијамс, двете сестри кои заедно имаат 26 дуели од кои 15 и припаднале на помладата. Серена има одлична серија на 32 победи во низа, а што е најважно ако ја освои титулата на УС Опен ќе стане една од ретките со „Календарски Гренд слем“, односно освојување на сите четири големи тениски турнири во една година што последен пат и успеало на Штефи Граф во 1988. Сестрите Вилијамс велат дека напорно работат на овој турнир и тоа што се ќе се судрат една против друга како и досега нема ништо да промени во натпреварот.