Friday, May 3, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаРација во канцелариите на Фолксваген, Дајмлер и Бош

Рација во канцелариите на Фолксваген, Дајмлер и Бош

Германската Федерална агенција за картелско здружување влегла во просториите на шест компании за производство на автомобили и делови за возила поради сомневање дека компаниите правеле договори за местење на цени при купување суровини.

Агенцијата за картели денеска информира дека на 23 јуни оваа година вкупно 50 иследници придружувани од полициски припадници влегле во шест автокомпании и производители на автоделови, кои што се сомничат дека со здружени понуди до добавувачите на челик ги намалувале цените на производите и со тоа ги прекршиле правилата за конкуренција на пазарот.

Претставниците на Федералната агенција за картели влегла во канцелариите на Волксваген во Волфсбург, потврдуваат од компанијата која што во соопштението вели дека ја подддржува истрагата на германските власти. Потврда за истрагата дадоа и компаниите Дајмлер, ЗФ и БМВ кои што најавија соработка со властите. Компаниите Генерал Моторс и Опел негираат дека биле цел на иследниците.