Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаКанцеларијата на Цивил ограбена – чувствителните документи на сигурно

Канцеларијата на Цивил ограбена – чувствителните документи на сигурно

Граѓанската организација „Цивил“ беше мета на провала и кражба за време на продолжениот празничен викенд, соопшти организацијата. Причинета е поголема материјална штета, односно украдени се компјутери, монитори, хард дискови, камера, телефони и друго. Без оглед на мотивите за настанот, тие ја информираат јавноста дека ЦИВИЛ ќе продолжи со вообичаената динамика на работата.

„Се надеваме дека полицијата ќе спроведе брза и успешна истрага и ќе ги пронајде сторителите. Тимот на ЦИВИЛ се заблагодарува за бројните пораки на поддршка од граѓанките и граѓаните“, велат од ЦИВИЛ.

Оттаму додаваат дека материјалите кои ги поседуваат со чувствителна содржина се наоѓаат на сигурно место.