Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаГерманија ќе ги затегне уздите на ЕУ по Брегзитот

Германија ќе ги затегне уздите на ЕУ по Брегзитот

Министерството за надворешни работи на Германија денеска соопшти дека утре Берлин ќе биде домаќин на состанок на шефовите на дипломатии на земјите основачи на ЕУ. Германија беше една од најгласните противнички за излез на Британија од европското политичко и економско семејство и сега мора да покаже лидерство и да спречи евентуално ширење на кризата.

Веќе се бележат големи загуби на британските, а наскоро и на европските берзи и постои голема закана за економијата, но во воздух сега лебдат и многу прашања за регулирање на границите и безбедноста, како и интегративните процеси.