Friday, May 3, 2024
HomeДЕНЕШНАСветГерманија им се закани на турските политичари – Немаат дозвола за јавни настапи

Германија им се закани на турските политичари – Немаат дозвола за јавни настапи

Германија им се закани на турските политичари со забрана за јавни настапи, во услови на ескалација на дипломатскиот спор меѓу Анкара и Европа.

Дипломатската криза беше предизвикана кога Холандија и Германија одбија да им дозволат на турски министри да одржат митизи за да се додворуваат на турските граѓани кои живеат во нивните земји, за референдумот на 16 април за зголемување на овластувањата на пртеседателот Реџеп Таип Ердоган.

Ердоган одговори обвинувајќи ја Германија за нацистички практики, а Холандија ја обвини за геноцидот во Сребреница во 1995 година.

Берлин ќе преземе неопходни мерки доколку Анкара не се придржува кон германскиот закон, изјави денеска германскиот министер за надворешни работи Зигмар Габриел. Оние кои ја поминаа линијата не можат да претпостават дека ќе можат овде да пропагираат своите политички ставови, рече тој.

Вчера Турција се закани дека ќе испрати 15 илјади бегалци во Европската унија и предупреди дека може да се откаже од договорот со ЕУ од 15 марти 2016 година за запирање на приливот на бегалци.