Sunday, Apr 28, 2024
HomeДЕНЕШНАСветГерманец со курдско потекло обвинет за членство во ПКК

Германец со курдско потекло обвинет за членство во ПКК

Јавното обвинителство во Штутгарт денеска покрена обвинение против еден 46-годишен Германец со курдско потекло, поради членство во забранетата Курдска работничка партија (ПКК). Германските власти го товарат курдскиот активист за координирање на активностите на ПКК во Штутгарт, Минхен и Фрајбург, а потоа и во Дортмунд и Дизелдорф во периодот од август 2013 до 16 февруари годинава, кога бил уапсен.

Според властите, обвинетиот, кој е во притвор од февруари, во ПКК бил одговорен за организациски, финансиски и кадровски прашања. ПКК е забранета со германските закони, затоа што е прогласена за терористичка организација.

Курдските политички активисти во Германија меѓутоа сметаат дека ПКК неправедно е ставена на листата на забранети организации, затоа што таа и нејзините сили во Ирак се сојузници на западните земји, меѓу кои и Германија, во борбата против џихадистите, а Владата во Берлин ја смета за терористичка група.