Sunday, Apr 28, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаАд хок телото за мониторинг на медиумите не го избра петтиот член

Ад хок телото за мониторинг на медиумите не го избра петтиот член

Нема консензус на Ад ­хок телото за избор на петтиот член. Привремената комисија не се договори кој е последниот член со одлучувачки глас во мониторингот на медиумското претставување во предизборниот период.

Денеска четворицата претходно избрани партиски членови, по двајца предложени од владејачката ВМРО ­ДПМНЕ, Слаѓана Димишкова и Цветин Чилиманов и од опзоициската СДСМ – Горан Трпеновски и Љубомир Костовски, расправаа за избор на петтиот член, но изостанал заедничкиот став за еден од пријавените кандидати.

Иако до полноќ истекува рокот и засега е непознато кога ќе се екипира ад-хок телото за контрола на медиумите во предизборната кампања, разговорите на четворицата членови на привремената комисија за следење на медиумското претставување ќе продолжат утре.