Saturday, May 18, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаФРАНКФУРТЕР АЈГЕМАЈНЕ ЦАЈТУНГ: Македонија заличува на Либан, во поделбата на власта

ФРАНКФУРТЕР АЈГЕМАЈНЕ ЦАЈТУНГ: Македонија заличува на Либан, во поделбата на власта

Еминентниот германски весник „Франкфурте Алгемајне цајтунг“, во своја анализа и осврт околу формирањето на новата влада, дава интересен опис, нагласувајќи дека во земјата се случува „консензуална демократија во која е најважно етничкото потекло“.Не споредува со политичкиот систем на етничка поделба на власта како со блискоисточната арапска земја Либан. За првпат во историјата на земјата, Северна Македонија треба да добие премиер Албанец. Тоа е највпечатливиот исход од коалициските преговори во балканската земја, која е членка на НАТО и кандидат за членство во ЕУ, и ги надминува внатрешните дневнополитички случувања, пишува германскиот весник .

Во понатамошната анализа, германскиот медиум, нагласува дека се случува разградување на парламентарниот систем, во кој секој глас вреди еднакво, во една етничка пропорционална-консензуална демократија, во која повеќе не е најважно што ќе биде кажано, туку кој го кажува тоа и какво етничко потекло има оној што зборува.

 

ФАЦ ја опишува позадината на актуелните случувања, потсетувајќи дека исходот од јулските избори довел до очекуваниот резултат: нов мандат за Зоран Заев на чело на владата. Но, потсетува и на традицијата од 1990-те години во секоја влада да влегува и партија која го претставува албанското малцинство во земјата. По конфликтот од 2001 и постигнувањето на Рамковниот договор, речиси непрекинато во власта е ДУИ раководена од Али Ахмети.

„Поддржувачите на Охридскиот договор велат дека тој ја спасил државата од крвав меѓуетнички конфликт. Скептиците тврдат дека тој е образец за мултиетнички грабеж на државата, затоа што етничката припадност (и партиска книшка) секогаш имаат предност пред перформансите и квалификациите: По секои избори содветниот победник во словенско-македонскиот кампус се договара со партија на Ахмети за заедничко заробување на институциите.

 

Има и други последици на Охридскиот договор: Поради тоа што повеќе партии се борат за гласовите на албанското малцинство, тие секогаш се натпреваруваат кој ќе излезе со поголеми барања за нови права на етничките заедници. На тој начин сакаат да покажат дека можат повеќе да добијат за својата клиентела од внатреалбанската конкуренција.

Во последната кампања, Ахмети го постави како централен услов барањето дека неговата партија ќе влезе во коалиција само доколку Албанец биде премиер. Дури и за Заев, кој посилно се заложи за албанската етничка заедница од кој било премиер пред него, тоа беше премногу. Но, му беа потребни гласовите на партијата на Ахмети“, пишува ФАЦ.

 

На крајот весникот во својата анализа, заклучува дека договорот кој го потпишале Заев и Ахмети, за сто дена албански премиер, пред наредните избори ја означува како „мала симболична победа“ за Албанците, но го истакнува како пресврт во внатрешната политика на земјата.