Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаФото: Мечка се разлади во Охридско езеро

Фото: Мечка се разлади во Охридско езеро

Летните горештини очигледно ги „избркаа“ и дивите животни од шумите. Барем оние што имаат „избор“ од планина да одат и на капење. Вчера околу пладне, на температура од 38 степени, на една напуштена плажа кај стариот автокамп на „Треска“, во близина на струшкото село Радожда, беше забележана млада мечка како се капе во Охридското Езеро.
mece
Она што е интересно, мечката воопшто не ги вознемири ретките капачи на плажата. Таа се разладуваше подалеку од капачите, кои всушност му се радуваа оддалеку на необичниот „турист“ на плажата.
mece1
mece2

извор:Утрински весник