Tuesday, May 7, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеФото: Барикади на велосипедската патека на кеј

Фото: Барикади на велосипедската патека на кеј

Велосипедската патека на кеј под барикади. Плехови, даски и песок – известува порталот Засе.мк. На една од барикадите со стрелки е означено дека велосипедистите мора да се движат по шеталиштето.
staza2На сликите може да се забележи дека велосипедистите поминуваат каде ќе најдат место, помеѓу барикадите или на земјениот пат покрај реката. Изгледа дека велосипедистите во главниот град научија нова дисциплина – возење со пречки.
staza1Што се случува со скопскиот кеј и до кога движењето на велосипедистите ќе биде отежнато, се уште не се знае, но во наредните денови ќе се обидеме да добиеме одговор од надлежните.
staza