Sunday, May 19, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаБитка за престолот во ВМРО-ДПМНЕ

Битка за престолот во ВМРО-ДПМНЕ

Поранешната пратеничка во претходните два мандатни состави Весна Дамчевска-Илиевска, денеска во името на иницијаторите за нов вонреден конрес одржа конференција за печат пред централниот штаб на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, палатата „Христо Татарчев“. Пред присутните поранешни пратеници, градоначалници, високи функционери од Унијата на млади сили,  на жени, Дамчевска-Илиевска побара одржување на вонреден конрес како одговор на „погубните и штетните“ политики предводени од актуелниот лидер.

-Христијан Мицкоски ги загуби  предвремените локални во Ново Село и Охрид, претседателските, а сега и предвремените парламентарни избори. Највиновен за тоа е лично тој. Бараме организирање на вонреден конгрес, на кој ќе избереме легитимен претседател на ВМРО-ДПМНЕ“, истакна поранешната пратеничка.

Вчера порпаролот на опозициската партија Димче Арсовски истакна дека „кукавички би било,во овој момент, Мицкоски да си поднесе оставка, и дека тоа за нив е завршена тема“.

На денешната прес конференција,освен на членката на ИК на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ Весна Дамчевска, Илиевска, најголемо изненадување беше присуството на актуелниот градоначалник на општина Илинден Жика Стојановски. Присутни беа и поранешните градоначалници на Аеродром и Бутел Ивица Конески и Петре Латиновски, но и на Дојран Борче Стамов. Исто така, меѓу присутните беа и Филип Петровски, но и поранешниот заменик-министер за локална самоуправа и претседател на Советот на Општина Карпош Сашо Лазаровски,  како и порашениот лидер на УМС и директор на Службен Весник Лука Кржаловски.