Friday, Apr 26, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈТенисФедерер: Самодовербата на Новак може бргу да падне

Федерер: Самодовербата на Новак може бргу да падне

Роџер Федерер во едно интервју истакна дека и оваа незапирлива форма во која се наоѓа србскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ќе заврши. ,,Против него мораш и ментално и физички да бидеш на исклучително високо ниво и да се надеваш дека неговата самодоверба барем малку ќе се намали. Тоа може многу бргу да се случи, сите играчи го знаат тоа, а и тој е свесен за истото. Затоа ние кои сме позади него (на АТП листата) мораме секогаш да бидеме спремни. Тој ден ќе дојде. Во еден момент и оваа негова голема доминација ќе мора да заврши”, изјави Роџер Федерер. Федерер исто така ја коментираше својата игра и истакна дека му е интересно да игра агресивно.

,,Мислам дека и на навивачите и се допаѓа тој начин на игра, ризикувам и не го правам секогаш истото од основната линија што е случај со другите играчи”, вели Федерер. Федерер во четртфиналната рунда од турнирот во Бризбејн го победи бугарскиот тенисер Григор Димитров, додека Новак Ѓоковиќ го чека дуелот од полуфиналето со Бердих во Доха. Роџер и Новак до сега се имаат сретнато 44 пати, а резултатот е изедначен 22:22, но минатата сезона Новак доби пет од 8 нивни меѓусебни средби, вклучувајќи ги и оние најважните, во два Грен слем турнири и на три Мастерси, додека Швајцарецот славеше на еден Мастерс, на завршниот Мастерс во групната фаза и во Дубаи.