Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаЕвропски ден на Еврејската култура и во Македонија

Европски ден на Еврејската култура и во Македонија

По 11 пат Еврејската заедница во Република Македонија ќе ги одбележи деновите на Еврејска култура. Вечерва во МНТ ќе се одигра претставата „Еврејски јазици: колку јазици знаеш, за толку луѓе вредиш“, базирана на романот „Роман во слики“ од Гордана Куиќ, а во режија на Снежана Коневска­ Руси.
­

– Преку глума, музика и танц, на сцената ќе прикажеме магичен спој на јазици ­како џудео­еспањол, јазикот на сефардските Евреи, хебрејски, ромски, српски и македонски, соопшти Еврејската заедница во Република Македoнија.

Европскиот ден на еврејската култура ­е манифестација која истовремено се одржува во 32 европски земји, а во Македонија се организира 11­ти пат.