Thursday, Mar 28, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРТеатарЗабранета претставата за затворањето на „Браќа Манаки“ во Битола

Забранета претставата за затворањето на „Браќа Манаки“ во Битола

Фестивалот „Браќа Манаки“ ја откажа изведбата на перформансот кој беше предвиден за затворањето на фестивалската вечер во сабота, потврди за САКАМДАКАЖАМ.МК режисерот Мартин Кочовски.

Забраната за перформансот се случи на помалку од 24 часа од свеченото затварање, кога уметниците без образложение биле известени од организаторите дека се откажува изведбата.

Режисерот Кочовски вели дека нивниот труд е забранет заради притисоци од политички кругови и конзервативната јавност. „Под силен притисок од политички кругови и од конзервативната јавност, самата организација на фестивалот „Браќа Манаки“ одлучи да не се случи изведбата. Таа требаше да се базира на слободата во живеењето, особено кај младите луѓе. Тоа требаше да го коментира преку осознавање на сексуалноста, преку слободата во својата приватна и природна сексуалност во еден широк контекст. Поради страв од овие теми и алудирањата на сексуалниот чин, цензуриран е труд што беше подготвен во експресно време во лоши услови и со беден надомест за актерите“, изјавија за САКАМДАКАЖАМ.МК режисерот Мартин Кочовски и коавторот Горјан Милошевски.