Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЕве кога ќе се полага државната матура

Еве кога ќе се полага државната матура

Државниот испитен центар ги објави датумите за полагање на државната матура во јунскатасесија.

Полагањето на екстерните испити од државната матура ќе се реализира во четири термини и тоа:

27.05.2017 – македонски јазик и литература, албански јазик и литература и турски јазик и литература;

10.06.2017 – англиски јазик, француски јазик, германски јазик и руски јазик;

12.06.2017 – математика;

14.06.2017 – естетика, филозофија, хемија, физика, биологија, историја и бизнис.

Матурантите полагаат три предмети. Од вкупно 16.426 пријавени кандидати, со гимназиско образование се 8.274, со средно стручно образование: се 7.881, и со средно уметничко образование се 271 кандидати.

Од екстерните предмети најголем дел од матурантите 15.201 избрале да полагаат англиски јазик, за математика се пријавиле 2.070. За руски јазик има само 26 кандидати, 108 за француски и 197 за германски.

Предметот бизнис ќе го полагаат 4.298 ученици, биологија 3.445, историја 2.900,а филозофија 3.684. Малкумина се пријавиле да полагаат естетика 193, физика 119 и хемија 282.

Матурантите од 2014 година за државната матура полагаат по три екстерни и еден интерен предмет, претходно тестирани беа по два екстерни и два интерни предмети. Освен мајчиниот јазик кој е задолжителен, другите сами ги избираат. Од понудената листа избираат еден математика или странски јазик, од општествените наставни предмети за учениците од гимназиско и средно стручно образование. Учениците од средно уметничко образование избираат еден од предметите како, странски јазик, естетика и филозофија. Матурантите треба да изработат и проектна задача којашто се оценува интерно.